SYNOT Group, водечки снабдувач на технологии и услуги за игри на среќа, како и секоја година учествуваше на престижниот саем ICE London 2024. Настанот се одржа од 6 до 8 Февруари 2024 година во ExCel во Лондон. Ова беше последното издание на овој реномиран настан во Лондон пред да се пресели во Барселона, Шпанија следната година.
Саемот, најголем од ваков вид во светот, ги прикажа новите трендови во индустријата за игри на среќа и најновата опрема за игри, која привлече гости од целиот свет.
На настанот присуствуваа повеќе од стотина претставници од голем број компании на групацијата SYNOT од неколку земји.
За време на изложбата, SYNOT го претстави своето најново казино и онлајн портфолио на производи на штанд од 400 метри квадратни. Штандот беше дизајниран со елементи од игрите Aztec Jaguar Megaways и Forest Maiden, игри развиени од SYNOT Games.
SYNOT се претстави со речиси 40 апарати за игри, прогресивни поврзани системи за Џекпот и голем број иновации. Се презентираше премиум системот Super Link, со 20 волшебни Linked игри со Linked бонус и уникатната функција Pay to Win.
Друг истакнат момент од саемот беше објавувањето на новата верзија на системот за прогресивен џекпот Magic Ball Link, со надграден Џекпот и нови игри како што се Legend of Medusa, Big Mystery, The Wild Job и 88 Pearls. Системот сега нуди вкупно 8 поврзани игри.
Прикажан беше и сосема новиот кабинет UP1-27, опремен со три монитори од 27 инчи правејќи го совршеното решение за играчите.
Во онлајн делот, SYNOT Games претстави портфолио на успешни тематски и овошни игри на огромниот екран на допир.
Се гледаме во Барселона.
#SYNOT #ICElondon #ICElondon2024 #expo #gaming #jackpot