РЕБРЕНДИРАЊЕ

Со отварањето на новиот автомат клуб во Велес на 21.09.2018 се означи процесот на официјално ребрендирање на мрежата на автомат клубови The Slots во познатиот светски бренд SYNOTtip CLUB. Овој автомат клуб е уреден според стандардите за автомат клубови на светската компанија за производство на игри за среќа со седиште во Чешка – SYNOT Group и истите можат да се најдат во Словачка и Чешка меѓу останатите земји.

Неодамна The Slots Македонија се придружи на групацијата SYNOT Group од Република Чешка, која ги прошири веќе постоечките активности во Македонија со зголемена соработка и превземање на мнозинскиот дел од компанијата The Slots.

Периодот на здружување кој започна неодамна значеше реорганизација  во внатрешноста на компанијата како кај вработените така и кај надворешните соработници.

Со реорганизацијата следуваат активности за ребрендирање на брендот The Slots и автомат клубовите со ново име SYNOTtip CLUB кои во јавноста веќе можат да се забележат кај одредени места. Во иднина ги засилуваме  овие активности.

Првично во делот кај вработените во изминатиот период имаше зголемување на финансиските месечни примања со тоа и зголемување на мотивацијата за работа и моралот.

Во најважниот дел – играчите, продолжуваме со подобрување на ВИП програмата за лојалност со која играчите добиваат дополнителни можности за добивки преку Happy Hour, Cashback и добивање поени со секоја игра на апаратите. Оваа придобивка, играчите можат да искористат многу едноставно – со регистрирање на веб страната www.synottip.mk со која добиваат персонализирана ВИП Клуб картичка.

Исто така, во иднина се планира воведување на многу други новости и активности за полесна и исплатлива забава на посетителите на автомат клубовите, кои за брзо време ќе ги презентираме.

Се зголемија постојните ЏЕКПОТ добивки, се воведуваат најновите Synot апарати кои се ексклузивни само во овие автомат клубови, нови EGT апарати, но во иднина и воведување на нови ЏЕКПОТ добивки.

Реорганизацијата значеше подобар увид во работата на постоечките автомат клубови, нивна оценка и соодветна корекција и зголемување на мрежата на автомат клубовите. Неодамна е отворен нов автомат клуб во Богданци и Радишани, но и на други места во Македонија со цел зацврстување на позицијата на компанијата на овој пазар.

SYNOT Group работи на Балканот скоро 10 години, особено во Македонија, но и во Романија, Србија, Босна и Херцеговина и Грција.

Изминатата година SYNOTtip CLUB Македонија донираше средства од различен вид за поддршка на повеќе спортски клубови, здруженија и помош за подобро организирање на спортски настани во Македонија“, се вели во соопштението од SYNOT Group – Чешка.

Соопштението од SYNOT Group – Чешка можете да го прочитате на следниот линк.